Ердоган го осуди насилството на француската полиција врз демонстрантите

Ердоган го осуди насилството на француската полиција врз демонстрантите
Ердоган го осуди насилството на француската полиција врз демонстрантите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја осуди употребата на сила на француската полиција врз демонстрантите и додаде дека е загрижен поради ситуацијата во Франција.

– Го осудувам насилството употребено од француската полиција врз луѓето кои го користат своето право да демонстрираат. Тие (европските земји) ни обрнаа внимание дека се загрижени (за ситуацијата во Турција). Добро, јас сум загрижен за тоа што се случува во Франција, истакна Ердоган во Истанбул.

Ердоган упати и критика кон западните медиуми, кои според него не ги следат социјалните протести во Франција, до кои дојде поради најавените реформи на Законот за труд.

Претходно, и портпаролот на турското Министерство за надворешни рабори Танжу Билгич ги повика француските власти да се воздржат од секаква употреба на прекумерна сила.

Ердоган беше остро критикуван по полициската репресија врз учесниците во антивладините демонстрации во 2013 година.