Изложба на македонскиот сликар Крунислав Стојановски во Белград

Изложба на македонскиот сликар Крунислав Стојановски во Белград
Изложба на македонскиот сликар Крунислав Стојановски во Белград

Македонскиот сликар Крунислав Стојановски, кој живее и работи во Загреб, изложува во уметничкиот павилјон „Цвијета Зузориќ“ на Калемегдан. Изложбата е насловена „Циклуси-20 години сликарство“.

Со оваа изложба и со неколкуте претходно реализирани во Скопје и останатите градови во Македонија, уметникот Стојановски одбележува две децении од својата творечка работа.

На отворањето на изложбата во Белрад со свој музички перформанс се претставија Васил Хаџиманов и Тони Китановски.