Одложено судењето за членовите на Левица

Одложено судењето за членовите на Левица
Одложено судењето за членовите на Левица

Денешното судење на членовите на Левица, Здравски Савески и Владимир Куновски, обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Одбраната на обвинетите се уште не го добила вештачењето со што  не може да ја подготват листата докази за денеска, објави Нова ТВ.

Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е битен елемент за тие да можат да ја подготват одбраната. Досега вештачење добил само еден од обвинетите и тоа вчера попладне.

Обвинтелката Снежана Бундалевска посочи дека одбраната можела да се координаира со клиентите и денеска да дојде подготвена на судењето, освен како што таа посочи „ако не се работи за тактизација“.

 

Судот го одложи рочиштето за 10 јуни.