
Полицијата нема да го истражува холивудскиот актер Џони Деп по повод тврдењата дека физички ја злоставувал неговата сопруга Амбер Херд (30).
Овие вести се објавени истовремено кога се појавила и негови фотографии на кои пие коктели два часот по полноќ во друштво на мистериозна бринета, во хотелски бар во Стокхолм, пишува „Дејли мејл“.
За тоа време, американските медиуми пренесуваат дека тој нема да биде гонет за тоа што наводно ја гаѓал 30-годишната актерка со мобилен телефон, поради што таа поднела документи за развод.
Деп во шведската престолнина пристигнал по повод концертот на својот бенд „Холивуд вемпајрс“, а иако во текот на нивната европска турнеја деновите воглавно ги поминувал опкружен со телохранители и заклучен во хотелската собам, синоќа направил исклучок. Во хотелот наводно пристигнал во 1 часот по полоноќ, па бар морале специјалнод а го отворат за него.
Џони делувал опуштено и расположено, а најмногу време поминал во друштво на убавица чиј идентитет не е познат. Тука се задржале околу еден час.