Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск предупреди дека ЕУ мора да ги напушти своите „утопистички соништа“ за уште поголема интеграција, за да може да се справи со евроскептицизмот.
– Наместо утопистичките соништа, европските лидери треба да се концентрираат врз практичните мерки, како што се зајакнувањето на границите и банкарската унија, изјави Туск.
Според претседателот на Европскиот совет, за Европа нема да има ништо полошо доколку триумфираат антилибералите и евроскпетиците, без разлика дали доѓаат од екстремната левица или екстремната десница.
Туск, кој е поранешен полски премиер, одново предупредо и на, како што вели, драматичните поседици од евентуалното излегување на Велика Британија од ЕУ, па ги повика европските лидери да ја насочат својата енергија против оние чија цел е растурањето на Унијата.
Минатиот месец, Доналд Туск им порача на лидерите од Европа дека единствената алтернатива на ЕУ е „европскиот хаос“ и враќањето на старите судири, нетрпеливост и антагонизми.
Претседателот на Европскиот совет остро ја осуди и изјавата на британскиот пратеник и поранешен градоначалник на Лондон, Борис Џонсо, кој сега е преводник на камањата за Брексит, дека европскиот проект наликува на оној на Адолф Хитлер од Втората светска војна.