
Досегашниот тек на предистражната постапка на скопското Јавно обвинителство покажал дека лицето К.К. извршило самоубиство.
– И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К., стои во денешното соопштение од ОЈО Скопје.