Франција: Пукање во чешки автобус, шестмина повредени

Франција: Пукање во чешки автобус, шестмина повредени
Франција: Пукање во чешки автобус, шестмина повредени

Чешки автобус, кој се враќал од Шпанија, доцна синоќа бил погоден од неколку куршуми додека се движел во јужна Франција во близина на градот Монтелимар, пренесоа чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, во инцидентот од парчињата стакло биле повредени шест од вкупно 70 лица кои патувале во автобусот.

Причината за пукањето не е позната, но и во минатото француската полиција неколку пати испитуваше случаи во кои непознати сторители на автопатиштата фрлаат камења и други предмети врз автомобили во движење.