После минатогодишната јубилејна награда Микеланџело и годинешната награда Леонардо да Винчи, Македонскиот уметник Јордан Манасијески е поканет да учествува на Првото Триенале на современа уметност што од 9 до 12 Јуни ке се одржи во Верона Италија.
Овај настан организиран од Паоло Леви еден од најголемите Италијански историчари за современа уметност и публицистот Сандро Серадифалко, уметничките критичари Серена Карлино,Калоџеро Лучија, Салваторе Русо и Франческо Саверио Русо во соработка со професионални личности од светот на уметноста, ке презентира сликарство , скулптура, фотографија и дизајн од околу 500 еминентни и влијателни современи уметници од целиот свет.
Во име на авторот на триеналето ќе присуствува неговиот промотор од галерија Букефал Љупчо Жупан а ке биде изложена сликата Приказна за Светите простори, дело кое е вистински репрезент на сликарството на Јордан Манасијески.
Светски познатиот куратор Виторио Сгарби ке го отвори годинешното Триенале при што ке биде во можност да селектира три автори за самостојни изложби во престижни галерии во Рим.
Славниот арт критичар Лука Беатриче кој е истовремено и Председник на жири комисијата за награди заедно со арт новинарот Ангело Креспи и галеристот Естемио Сери на Свечената церемонија што ке се одржи на12 јуни ке ги прогласат наградените автори пред присуство на истакнати личности од светот на уметноста.
Наградниот фонд изнесува 35.000евра.
Со концерт Кристал Мјузик Оркестра диригиран од Маестро Филипо Луи ке ја збогати свечената церемонија во Палаекспо аудиториумот Верди во Верона.