Педофилот Ричард Хакл доби 23 доживотни казни затвор за злосторства сторени во Малезија. Денес судот во Лондон ја изрече пресудата за случајот што се смета за еден од најлошите педофилски случаи што некогаш стасале до Британските судници, пренесува „Раша Тудеј“.
Триесетгодишнио Хакл се товари дека сторил 71 дело и дека сексуално злоупотребувал деца, кои што во најголем дел биле ос сиромашните слоеви во малезиската престолнина Куала Лумпур.
Тој патувал како христијански волонтер, а по потекло е од Ашворд, Велика Британија. Според пресудата ќе треба да отслужи минимум 23 години во затвор.