Во Прифатниот центар за странци – Скопје, вчера во 21.50 часот , С.М.(19) од Авганистан, времено сместен во ПЦС, се самоповредил – со остар предмет си нанел гребаници по горниот дел од двете раце над дланките и двете нозе во долниот дел.
С.М. се самоповредил бидејќи по извршен телефонски разговор со татко му дознал дека неговата мајка починала.
На истиот му е укажана лекарска помош, соопшти полицијата.