На дел од патниот правец Гостивар – Кичево се вози по една лента

Сообраќајот на патниот правец Гостивар –Кичево на 2 километри пред планински превој Стража се одвива по една коловозна лента поради изведување градежни работи за санација на мост.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот, се наведува во соопштението на ЈП „Македонија пат“.

Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.