ФОТО: Експлозија на автобуска станица во центарот на Истанбул

Експлозија одекна утрово на автобуска станица во централната област на Истанбул, позната како Бајазит. Според она што го пренесуваат светските медиуми, повеќе лица се повредени.

Како што јавува Си Ен Ен Турк, според првичните информации, повеќе возила на брзата помош се испратени на местото.

Најверојатно цел на нападот бил турски полициски автобус што во моментот поминувал на авобуската станица.

Инаку нападот се случил за време на утринската гужва во градот во близина на Големиот Базар во историската четврт на градот, што воедно е и главно место за посетителите и туристите.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Инаку, Истанбул беше мета како на курдските милитанти, така и на терористите од Исламска Држава и од радикалната левица.