
-Според овие информации кои беа доставени до нашата редакција, токму Љубомир Д. Фрчкоски, еден од главните перјаници на СДСМ и нивен идеолог, како и Соросов платеник само во последните две години земал чисти 3.377.670 денари или неговиот ангажман е наплатен за цели 55 илјади евра. Приходи, освен од Правниот факултет, Фрчкоски имал и од бројни институти и организации кои се доведуваат во директна корелација со СОРОС и СДСМ. Па така, тој земал пари и од Институтот Прогрес, кој е партиски институт на СДСМ, формиран од членови на најтесното раководство на оваа партија. Пари земал и од соросовиот ФОРУМ ЦСИД, каде претседател на одбор е Ѓунер Исмаил исто од СДСМ, а програмски директор е Сашо Ордановски. Исто така, Фрчкоски си заработувал десетици илјади денари и од повеќе приватни фирми кои префрлале пари за разни услуги и активности, пишува Журнал.
-Во групата на оние кои секојдневно се жалат од власта и обвинуваат за диктатура и недостаток од слобода а од друга страна одлично заработуваат е и новинарот Бранко Героски. Токму Героски, за две години заработил речиси 2 милиони денари, или околу 32 илјади евра. Героски се придружува на групата кој заработуваат огромни суми на пари од здруженија на граѓани. Па така од Здружението член 16 на чие име се води порталот Плусинфо, Героски има земено 1.227.000 денари. Героски верувале или не, не е вработен во Слободен печат, каде иако е главен уредник, таму тој бил со договор на дело. Приходи во 2014-та година има остварено и од соросовата НВО Инфо Центар, објави порталот.
Медиумите на Героски секојдневно напаѓаат и ја обвинуваат владата за недостаток на слобода, со разно разни наслови за диктатура, недемократија и огранучување на слободите што воопшто не е видливо преку сметката на истиот тој Героски, кој под пазарни услови и амбиент спротивен од тој што го опишува, заработува повеќе од одлично.