Бројот на бегалци и мигранти, кои останаа блокирани во Грција откако балканските земји ги затворија границите за нив, се зголеми за само еден ден за 5.000 лица, па денеска изнесува вкупно 57.458, пренесува МИА.
Големиот пораст е последица на тоа што грчките власти од денеска во бегалци ги вбројуваат и луѓето кои живеат во приватно сместување, кое за нив го изнајмил Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Повеќе од еден милион луѓе влегоа во Грција од Турција во последната година пред постигнувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција за враќање на мигрантите кои нелегално пристигнуваат од турскиот брег до грчка територија.