
Американската пејачка Кристина Агилера реши радикално да го промени личниот опис.
Со оглед на тоа што сите ја знаеме како русокоса, публиката е изненадена од тоа што таа се одлучи да ја промени бојата на косата.
Таа стана црвенокоса и драстично го промени изгледот. Фотографијата објавена на социјалните мрежи за кратко време собра над 125 илјади лајкови и голем број пофалби, а многумина и’ порачаа дека наликува на Џесика Ребит.