Резултатите од анкетата на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп, покажуваат дека поголем дел од населението има ставови и лични убедувања кои се поблиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а ставовите на помалиот дел од населението се поблиски до СДСМ.
Кога ќе се издвојат само одговорите на Македонците, се добива двојно поголема разлика во предност на ВМРО-ДПМНЕ. Дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 38,8 отсто од испитаниците кои се Македонци, а за СДСМ 18,7 проценти.
Вклучувајќи ги и гласачите кои припаѓаат на останатите националности во државата, 26,3 отсто се изјасниле дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 проценти од испитаниците се изјасниле за СДСМ.