На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска ќе пристигне група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“.
Туристите на аеродромот ќе ги пречекаат Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски, Зоран Крстевски, генерален менаџер на ТАВ Македонија, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Анат Ахаром, директор за маркетинг и продажба во „Аркиа интернационал“.