Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас кој и официјално го потврди својот настап, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Куку Леле, Александра Радовиќ…
Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните. Организаторите сеуште ја немаат откриено целосната програма за фестивалот, но ветуваат огромни изненадувања и пред се добра забава за сите посетители.