
Српскиот ракометен стратег Љубомир Обрадовиќ е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора, а на оваа функција ќе го замени Зоран Кастратовиќ, тренерот што ја почна сезоната како предводник на македонскиот шампион Вардар.
Обрадовиќ ќе остане на клупата на црногорската репрезентација до 2016 година, а своето деби ќе го има во јуни против Белорусија, во баражот за Светското првенство што во 2015 година ќе се одржи во Катар.
Обрадовиќ од 2009 година беше тренер на Порто, со кој освои четири титули во првенството на Португалија, а успеада обезбеди и пласман во Лигата на шампионите.