ВИДЕО: Четворица полицајци се повредени при апсење во Тетово

Четворица полициски службеници во СВР Тетово се повредени при апсење во Тетово. Двајца од нив се здобиле со тешки повреди, откако се обиделе да лишат од слобода тетовец кој треба да издржи затворска казна, јавуваат повеќе медиуми.

Полициските службеници се обиделе да го приведат лицето во еден локал во центарот на градот, при што настанала вербална расправија и во тој момент еден од учесниците во инцидентот извадил шипка и почнал да ги удира полицајците.

Двајцата од нив се здобиле со тешки повреди и од Клиничкиот центар во Тетово биле пренесени на лекување во Скопје.