
Двајца навивачи на англиската фудбалска репрезентација се уапсени во Марсеј во првата тепачка со група млади Французи, соопшти локалната полиција, пренесува МИА.
Во соопштението се вели дека едниот Англичанец е уапсен за физички напад врз барменот во бистрото, каде се случил инцидентот, додека другите за нарушување на јавниот ред.
Инцидентот се случил ноќеска по полноќ во едно бисто во стариот дел од Марсеј и траел безмалку три часа.
На почетокот дошло до вербална расправија меѓу англиските и француските навивачи, која потоа прераснала во физичка пресметка.
Интервенирала француската полција, која за да воспостави ред употребила солзавец.
Според локаните медиуми, во инцидентот лесно се повредени четворица полицајци, но не била направени никаква штета во бистрото, а ниту на локалните ресторани.
Претставник на британската полиција, чии оперативци го следат движењето и однесувањето на англиските навивачи, го потврди инцидентот, објаснувајќи дека најголемиот дел од учесниците во тепачката биле пијани.
Тој меѓутоа изрази изненадување што француската полиција за смирување на инцидентот употребила солзавец, што во Велика Британија не се користи за вакви инциденти.
Британскиот полицаец во Марсеј признава дека веднаш потоа се смирила ситуацијата.
Англиските навивачи се наоѓаат во Марсеј пред утрешниот прв дуел на англиската репрезентација против Русија.