Досега економските санкции не играа голема улога во кризата која што го зафати Крим, преку кои што требаше да се изврши притисок врз претседателот Владимир Путин.
Она што не смее да се изостави е дека руската економија е ослабната, а во исто време е зависна од западните инвестиции. Во исто време, рускиот претседателот со своето однесување го остава целиот свет без здив. Со активностите на војниците на полуостровот Крим, тој предизвика масовна вознемиреност и кај европските, но и американските лидери.
Дури и зборовите на американскиот претседател, Барак Обама, кој изјавил дека Москва ќе ја плати „цената“ за своите постапки, добија сосема поинаква димензија.
Сите одговорни политичари сметаат дека на конфликтот на Крим треба да му се најде дипломатска завршница. Дури не се препорачуваат ниту економските санкции бидејќи тие можат да значат реперкусии за двете страни. Европската унија и САД сепак не треба да ја потценуваат својата во однос на силата на Русија, пресликана преку однесувањето и ставовите на Путин.
И првиот човек на Кремљ смета дека се впушта во ризична игра и дека остриот и милитаристички став може да ја става руската економија на колена. Веќе е јасно дека започнатиот спор со Украина околу Крим ќе го чини многу скапо.
Во исто време, рубљата и московската берза забележаа стрмоглав пад, а како за илустрација, енергетскиот гигант „Газпром“ за само неколку часа загуби една петтина од својата вредност.
И онака кревката руска економија веќе некое време се движи кон рецесија. А кризата на Крим само долева масло на огнот. Колку подолго трае, толку подлабоки ќе бидат последиците кај руските граѓани.
Според голем број аналитичари Путин не можеше да избере понесоодветно време за овој конфликт.
ЕУ и Германија можат да ја искористат можноста да се заканат со економски санцкии против Москва, дури и ако тоа значи соочување со сериозни ризици. Западните компании, вклучувајќи ги „Сименс“, „Волксфаген“, „Линде“ и „Метро“ во земјата се присутни преку инвестиции вреди неколку милијарди евра. Но, Путин нема толку голема економска сила за да може да ги задржи своите западни трговски партнери.
Германија остварува помал обем на надворешна трговија со Русија во споредба со другите земји. Русија претставува едвај 3,5 отсто од германскиот извоз. Експертите проценуваат дека во Германија има околу 200 илјади работни места кои што зависат од извозот на Русија, што е премалку за да може да биде претворен во средство за уцена. Дури и испораката на нафта и гас кон ЕУ во кои Русија има централен придонес, не се соодветни за заплашување.
Европската унија може некое време да преживее без дотур на енергија од Русија, бидејќи има и други алтернативни извори. Евентуална последица би бил порастот на цените. Но, не смее да се заборави дека сепак европските индустријализарани земји долго време успешно работат за намалување на зависноста од рускиот гас и нафта.
За разлика до нив, Русија е силно зависна од енергетските резерви на Западот. Државниот буџет и целата руска економија во голема мера зависат од бизнисот со нафта и гас со Западот.
Западните власти постапуваат одлично со нивната претпазливост во односот кон Москва и потребата да ги користат сите дипломатски канали, за да се реши кризата околу Крим. Но, лидерите на ЕУ не треба да заборават дека имаат на располагање економски средства, кои се поефикасни од оние на Кремљ.