
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа во Градскиот парк го следеше првиот меч од Европско првенство помеѓу Франција и Романија.
Во навивачка атмосфера Груевски во друштво на своите сопартијци уживаше во мечот и во победата на Франција.
Груевски важи за голем љубител на фудбалот, а негов фаворит на ова првенство е Германија.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе навива за Германците бидејќи ги краси тимски дух и дека играат пожртвувано во сите 90 минути, пренесе ТЕЛЕГРАФ.