Грчката полиција иселува мигранти од импровизиран камп кај Поликастро

Полицијата во Грција денеска почна со иселување на мигранти од импровизиран камп во Поликастро на границата со Македонија.

Мигрантите со автобуси ќе бидат префрлени во прифатни центри во регионот. Во импровизираната населба на околу 20 километри од границата со Македонија имаше околу 1.800 мигранти.

Расчистувањето на кампот е дел од стратегијата на Грција да спречи концентрација на мигранти во лоши услови, наведуваат западни медиуми. Во Грција моментно има повеќе од 50.000 мигранти.