
Австриската фудбалска репрезентација има осуммина играчи со мигрантско потекло. Без овие играчи квалификациите не би биле возможни.
Процентуално, тоа значи дека околу 35 отсто од репрезентативците, односно секој трет е со мигрантско потекло.
За репрезентацијата на Австрија во Франција играат четворица играчи што се родени во странство – Ѓерѓи Гарич (Унгарија), Мартин Харник (Германија), Златко Јунузовиќ (роден во Србија со босанско потекло) и Рубин Окотие (роден во Пакистан, а татко му е од Нигерија).
Со мигрантско потекло се и Рамазан Ечцан (родителите му се од Турција), Давид Алаба (мајка му е од Филипини, а татко му од Нигерија), Марко Арнаутовиќ (татко му е од Србија), Александар Драговиќ (родителите му се од Србија).
Со голманите Томас Гебауер (Германија), Цицан Станковиќ (Србија) и напаѓачот Марко Ѓуричин (Србија) оваа бројка се зголемува за уште тројца играчи во однос на проширената австриска репрезентација.
Инаку и комплетниот австриски фудбал е одбележан со играчи со мигрантско потекло. Истражувањето на институцијата „Медиенсервис“ покажа дека во Првата лига минатата сезона играле над 40 играчи со мигрантско потекло, како и 70 странски играчи.