
Се што ќе ви треба за подготовка на овој специјалитет е еден филџан, лажица и состојки што сигурно веќе ги имате дома. Самиот процес на мешање на состојките ќе ви одземе една минута, а исто толку трае и печењето.
Состојки:
- 4 лажици брашно
- ¼ лажичка прашок за печиво
- Прстофат сода бикарбона
- ¼ лажичка сол
- 3 лажици млеко
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица сос од домати
- 1 преполна лажица рендан кашкавал
- 5 ливчиња мини колбас
- ½ лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба).
Подготовка:
Прво измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата и солта, па во тоа додадете млеко и масло и со вилушка измешајте се заедно додека да добиете тесто. Врз него ставете доматен сос, кашкавал, колбаси (или некој друг сувомесен производ) и ставете зачини.
Ставете во микробранова да се пече на една минута и 10 – 20 секунди или додека не забележите дека под филот се појавуваат меурчиња.
Деталното упатство погледнете го во приложеното видео: