Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски утре, точно напладне ќе го потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.
Собранието попладнево со гласовите од сите присутни пратеници одлучи да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори.
За предлог одлуката за самораспуштање гласаа сите 117 пратеници кои присуствуваат во салата.