Што ни носи Венера во Рак: Љубов и романса во текот на ова лето

За време на летото 2016-тата, љубовта ќе се чувствува на најфините вибрации, на најнежно ниво…

Венера планетата на љубовта и парите во втората половина на периодот влегува во знакот Рак, каде што нејзиното влијание ќе дојде до полн израз. Дамите ќе бидат позаводливи и потаинствени, а мажите поромантични и понежни.

Сепак, таа заносна, сетилна Венера ќе се најде пред големи искушенија, со оглед дека на крајот на неделата образува само конјукција со Сонцето, а ниту еден аспект со останитите транзитни планети. И затоа нејзиното влијание ќе биде посилно. Па ако баш тогаш лудо се вљубите, ако љубовта ве „заслепи“ (симболиката на Венера во близина на Сонцето) не сте виновни вие туку оваа планета.

Шега на страна, преминувањето на Венера преку четвртиот знак во Зодијакот ќе го почувствуваат сите знаци, особено водените и земјените. Нивниот емотивен живот ќе биде побогат, финансиската ситуација ќе им се подобри, а со оглед на тоа што Венера симболизира и храна, многумина ќе се загрижат поради вишокот на килограми. Силната позиција на Венера во Рак може да донесе и проблеми со хормоните, крајниците, јајниците, тироидната жлезда и вените.

Позицијата на Венера во споредбениот хороскоп покажува како се сложувате со личноста што ве привлекува уште на прв поглед. На мажот најмногу му се допаѓа дамата родена во знакот или во подзнакор каде што се наоѓа неговата Венера или со Венера на неговиот подзнак. На жената најмногу и одговара друштвото на мажот роден во знак каде што е нејзината Венера или оној што има знак или подзнак таму каде што и е Сонцето или Марс.