
Кривичниот суд денеска донесе одлука со која го одби предлогот за притвор за началникот на 5-та Управа, Горан Грујевски.
СЈО ја бараше оваа мерка по втор пат, откако Иванов ја повлече аболицијата. Судот ги одби и мерките на останатите осомничени од предметот „Тврдина“, што значи нема да и биде одземен пасошот на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и началниците опфатени во истиот предмет со уништувањето на опремата со која било извршено нелегалното прислушување.