Во издание на „Матица македонска” излезе од печат книгата „Држава како се гради и брани” од проф. д-р Стефан Влахов –Мицов.
Авторот студиозно пишува за македонскиот континуитет низ вековите, при што главен акцент става на македонскиот идентитет според историските факти, кој е подолговечен од државата. Исто така говори за партијноста која ја нагризува државата. Посебно внимание побудуваат текстовите „Односот кон македонското минато” и „Концепт за иднината на македонската држава”, во кои говори за македонското име, за односите со соседите и со големите сили, за еквидистацната на Киро Глигоров, за Стојан Андов, идејниот творец на Законот за лустрација, за младите и политички неопитни премиери Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, за трансформацијата и за митарењето на одредени мислечки имиња во Македонија…
Стефан Влахов – Мицов е автор на дваесет книги од областа на филозофијата, публицистиката и книжевната критика и есеистика. На македонски јазик ги објавил делата: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет”, „Вируси за поматени мозоци”, „Хероите и потомците” и „Македонската еманципација на Балканот”.
Добитник е на почесното „Рациново признание” и на наградата „Духовен воин”.