Откријте што ќе ви донесе планетата на љубовта во знакот на Рак

Венера, планетата на љубовта, за време на вториот период влегува во знакот на Рак, па нејзиното влијание ќе дојде до вистински израз. Дамите ќе бидат заводливи и таинствени, а мажите поромантични и понежни.

Еве што ги очекува хороскопските знаци во овој период…

Овен

Венера во вашата четврта астролошка куќа ја наговетува можноста за средба со одредена личност  на некој семен собир, кое  би можело да стане ваш емотивен партнер.

Бик

Вашиот владетел, Венера во третото астролоко поле може да ви донесе заминување на заеднички пат со партнерот, особено ако од неодамна сте во врска.

Близнаци

Планетата на љубовта и парите во вашата втора астролошка куќа ви носи шанси за заработка преку паралелни или хонорарни работни позиции, но и можност да ја пронајдете сродната душа.

Рак

Со планетата на љубовт во вашиот знк, вие сте знак во тренд, омилени и популарни, особено кај спротивниот пол. Внимавајте да не нафрлите вишок килограми!

Лав

Венера, планетата на љубовта и парите, заедно со вашиот владетел, Сонцето, во вашето 12 астролошко поле наговестува можност за соработка и влез во врска со личност која живее во странство.

Девица

Венера, планетата на љубовта и работата во вашето 11 астролошко поле може да донесе познанство со амбициозна личност, која работи со странци или често патува поради работата.

Вага

Вашиот владетел, Венера, во астролошката куќа на кариерата и општествениот статус ви носи додворување на харизматична личност која веќе сте ја запознале преку работата.

Скорпија

Планетата на љубовта во вашата деветто атролошко поле може да ви донесе изненадно познанство со некој воден знак можно е на одредено предавање или кратко патување во странство.

Стрелец

Венера во осмата астролошка куќа наговетува страствена средба со личност, чиј шарм нема да ве остави рамнодушни, можно е да станува збор за припадник на знакот Близнаци или Вага.

Јарец

Симболот на љубовта и парите во вшето поле потполно влијае на комуникацијата со партнерот, а доколку сте слободни, можете да запознаете атрактивна, сензуална личност.

Водолија

Со Венера во вашата шеста астролошка куќа може да ви се додворува личност која ја познавате преку работата или некој кој на работа носи униформа.

Риби

Планетата на љубовта во вашето астролошко поле може да донесе занес каков што одамна не сте почуствувале, особено со некоја Скорпија или Рак.