
Продолжениот викенд и почетокот на годишните одмори предизвикаа поголема раздвиженост на патници на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција.
Утрово граѓаните чекаа со часови да влезат во Грција.

На граничните премини Богородица и Дојран времето на чекање за излез од македонија е околу 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, соопштуваат од АМСМ.
Сликата во моментот е поинаква, и нема голем застој.