Република Ирска отворено се спротивставува на позициите на Германија која што смета дека со евентуално излегување на Велика Британија од ЕУ ќе престанат да важат и договорите за слободна трговија меѓу Лондон и останатите членки на унијата.
Министерот за финансии на Република Ирска Мајкл Нунан е против ставот на неговиот германски колега Волфганг Шојбле кој смета дека Велика Британија не треба да има неоданечена и слободна трговија со тие што ќе останат во ЕУ каква што сега имаат Норвешка и Швајцарија.
„Господинот Шојбле е во право од правен и од технички аспект но не мислам дека тоа е негова крајна позиција“, изјавил Нунанд пред вчерашниот состанок на министрите од „Еврозоната“ во Луксембург на кој била отворена оваа тема, јавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
За Република Ирска е од исклучителна важност да се задржи слободната трговија со Велика Британија во случај кралството да се одлучи да ја напушти унијата затоа што најголем дел од надворешно трговската размена се одвива со првиот сосед на земјата.