
Иако го сметаат за промискуитетен Чарли Шин тврди дека само два пати се впуштил во незаштитени сексуални односи и дека така се заразил со ХИВ.
Тој во новото интервју за магазинот „Сан“ откри детали од неговиот интимен живот и рече дека спиел со една жена без заштита поради тоа што бил пијан и без заштита.
Секогаш тоа го промовирав и говорев дека треба да се користат кондоми. Една вечер бев премногу пијан или премногу ми беше здодевно и се случи тоа што се случи, рече Ин и додаде дека луѓето сега го гледаат како заштитно лице на ХИВ вирусот.
Тој вели дека поради оваа дијагноза во целост го променил сопствениот живот, како и дека сега е во целибат.
Поради ХИВ-от не проаѓам кај жените и тоа е во ред. Се шегувам на сопствена сметка затоа шѓто морам. Инаку на сите им е непријатно, вели тој и додава дека целибатот има и свои добри страни.
Би се изненадиле колку можете да постигнете и да научите кога не се обидувате да имате секс. Сексот е прекрасен, но никаде нема да побегне. Доколку го има, супер. Ако не, не е проблем. Ќе имам повеќе време за моите родители, вели тој.