Под мотото „Твојата капка крв може да спаси нечиј живот”, ОК Центар – ВМРО – ДПМНЕ денес одржа хумана акција за дарување крв на граѓаните од Општина Центар во Меморијалниот центар Никола Кљусев.
На акцијата, крв даруваа неколку десетици граѓани.
ОК Центар – ВМРО – ДПМНЕ организира трета хумана акција по ред и овој викенд. Денес, граѓаните на Општина Центар даруваа крв, која може да спаси нечиј живот. Задоволни сме од одѕивот и ќе продолжиме во континуитет и во иднина да организираме вакви акции кои се од граѓаните, за граѓаните, велат од ОК Центар – ВМРО – ДПМНЕ.
Акцијата е организирана од ОК Центар – ВМРО – ДПМНЕ, во соработка со Црвениот крст на РМ и Центарот за трансфузија при клиниката “Мајка Тереза” во Скопје.