Пресс24: СДСМ и организаторите се подготвуваат за насилни протести

Според сознанијата на Прес 24 , СДСМ ги организира своите членови и симпатизери на протести во Скопје на кои очекува насилство.

Иако Зоран Заев јавно изјави дека СДСМ немале ништо со протестот само од Куманово предвидено е да тргнат 25 автобуси, од Велес 18, од Крива Паланка 12, од Тетово и Гостивар по 5, од Штип уште 9, пишува Прес 24.

Целата администрација што е под контрола на СДСМ, но и вработените во нивните фирми биле предмет на уцена за да се појават на протестот.

Под закана биле дури и вработените во Скопје, односно општина Центар кои во работно време биле ангажирани да делат пропагандни материјали за протестите и да повикуваат на поголема излезност.

Во пропагандниот материјал кој им се дели, членовите и активистите на СДСМ добиваат насоки како да пробијат полициски кордон и како и каде да се сокријат од полицијата.

Препораката е да не се затвораат по влезови и по мали и тесни улички. Во препораката до членовите и симпатизери на СДСМ стои да не пијат алкохол и да не се дрогираат, а најважно од се е да не соработуваат со полицијата и да ги прикриваат инкриминирачките податоци за протестантите.

fghgfyhyjj

Основната порака на протестите кои ќе се одржат вечер е дека не постои друг орган на прогонот освен Специјалното јавно обвинителство, односно дека никој не смее да помисли да бара кривична одговорност од аболицираниот Зоран Заев.