„Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј

„Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го турнат споменикот на Прометеј
„Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го турнат споменикот на Прометеј
Хулиганите предводени од Зоран Заев и СДСМ вечерва почнаа да ја напаѓаат и навредуваат полицијата. Инцидентот се случи пред Собранието на Република Македонија, односно кај споменикот на Прометеј.

Демонстрантите прво ги отстранија штиците поставени околу споменикот, по што го врзаа со платна и се обидоа со тегнење да го откорнат. Брзата интервенција на полициските сили ја спречи нивната намера.
sarena-revolucija-20.6.16-520x293

Аболираниот криминалец Зоран Заев и неговиот послушник кој насилно беше внесен во МВР како технички министер, Оливер Спасовски издадоа наредба да се фрлаат пластични шишиња кон полицијата и толпата да ги навредува полицајците нарекувајќи ги убијци.

Дел од најистакнатите активисти на шарената револуција почнаа жестоко да ја провоцираат и навредуваат полицијата, која остана присебна и со професионална реакција засега спречи ескалирање на состојбата.

sarena-revolucija-20.6.16-2-740x416

Претходно, по 15 минути минати пред објектот на Владата, протестот се пресели пред Министерството за правда, каде покрај бојосувањето, беа демолирани и стаклата на министерството.