
Здружението на банкарски клиенти Ефектива се огласи со соопштение во кое се наведува дека станбениот кредит во швајцарски франци на неодамна починатиот актер Милорад Мандиќ Манда е веќе отплатен, пишува српски „Пулс“.
Тие велат дека кредитот постои само во евиденцијата на банката, а напорите би требало да се насочат кон укжаување на надлежните за лихварскиот карактер на кредитите во швајцарски франци.
Кредитот на Манда е отплатен, тој веќе не постои, освен во евиденцијата на банката која што на овој начин може да задолжи и неколку наредни поколенија, се заклучува во соопштението на Здружението на банкарските клиенти Ефектива, што е потпишано од претседателот на Здружението Дејан Гавриловиќ.
Славниот српски актер, како што пишува „Пулс“ работел дури на пет работни места за да го обезбеди семејството, односно сопругата Анја и четирите деца и месечно да ја подмири огромната рата за станбениот кредит во швајцарски франци.