Едно семејство е во шок откако на фотографијата направена со мобилен телефон се појавил дух.
Сиара Окалаган од Ирска ја забележала чудната визија на лице додека ги прегледувала фотографиите на Ајфонот. Сликата е толку уверлива што Фејсбук дава опција и за да се „тагне“ лицето, јавува Irish Mirror.
Брат ми Глен дојде од Слајго и ги фотографирав заедно со внука ми Карли и внукот Шон во кујната. Внук ми го зема телефонот за да ми го подаде но ненамерно го фотографираше таванот. Воопшто не забележав се додека не ги погледнав фотографиите уште еднаш, вели таа.
Сиара, која засебе вели дека е скептик, одлучила да ја истражи фотографијата и ја ставила во Фотошоп.
За да најдам логично објаснување зет ми ја стави фотографијата на Фотошоп, каде ги промени боите, ја затемни и го зголеми контрастот. Наместо логично објаснување, како што се надевавме, по се изгледа само уште повеќе се продлабочи мистеријата. Не познаваме никого со слично лице како ова во однос на димензиите и изгледот. Нема никој што изгледа така и затоа ни е мошне чудно, вели таа.
Инаку Сиара и нејзиниот сопруг шест години живеат во истата куќа и велат дека досега никогаш не им се случило нешто чудно или несекојдневно во неа.