![krazba-vrata](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/krazba-vrata.jpg?resize=460%2C259&ssl=1)
Тешка кражба се случила вчера во стан во Тетово.
Од станот на А.И. (37) биле одземени околу 40.000 евра, 10 часовници со поголема вредност и поголема количина на златен накит, по што го напуштиле местото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Од полиција велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.