
Голем пожар избувна пред малку на кејот на реката Вардар, во близина на ВИП-арената „Борис Трајковски“.
Огнот зафатил голема површина со сува трева и дрвја. Во моментов огнот го гаснат екипи на Противпожарната служба, а од полицијата информирале дека пожарот сè уште не е пријавен кај нив. Сè уште не се знаат причините поради кои избувнал пожарот. Повеќе информации ќе бидат познати подоцна во текот на денот, пишува „Република“
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.МК