
Алигаторот одговорен за смртта на двегодишниот Лејн Грејвс на 16-ти јуни бил отстранет од Лагуната на одоморалиштето на Дизни и му била извршена еутаназија, информираат од Комисијата за конзервација на риби и див свет на Флорида, пренесуваат американските медиуми. Комисијата е уверена дека го отстраниле алигаторот одговорен за нападот.
Немаме зборови со кои може да ја опишеме длабоката тага што ја чувствуваме за семејството на Лејн Грејвс. Ние и понатаму ќе го чуваме ова семејствo во нашите срца додека тие ја носат длабоката тага и жал за загубата на Лејн, вели Ник Вајли, извршен директор на Комисијата.
Алигаторот бил фатен и подложен на еутаназија. Врз осднова на експертските анализи и долгото искуство во истрага на фатални напади од алигатори од Комисијата биле во можност точно да утврдат за кој влекач се работи. Властите исто така ги земале во предвид и изјавите на очевидците за местото на нападот, како и за големината на алигаторот.
Инаку, за време на истрагата, експертите „отстраниле“ шест алигатори од областа.