Како последица на високите температури на воздухот, во последниве денови во Романија почина 13 лица.
Службата за итна медицинска помош соопшти дека само вчера починале осум лица во округот Васлуј и двајца во округот Јаш. Поголемиот број од починатите биле земјоделски работници.
Метеоролозите предупредуваат дека в сабота и в недела топлотниот бран ќе зафати 11 окрузи во југозападниот дел на Романија. Се очекуваат температури до 35 степени Целзиусови, а индексот на влажноста ќе го помине критичниот праг од 80 единици.