Британскиот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка на таа функција откако Британците на референдумот одлучија да излезат од Европската Унија.
Се борев за оваа кампања на единствениот начин на кој што знаев, дикретно и страствено. Мислам дека на земјата ѝ е потребно ново лидерство. Нема да биде во ред за мене да се обидам да бидам капетан кој ја управува земјата на нејзината следна дестинација, изјави Камерон.
Тој додаде дека ќе продолжи да ја врши позицијата во наредните неколку месеци.
Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ.
Според се уште нецелосните резултати од пребројувањето на гласовите, за излез на Велика Британија од Унијата се изјасниле 51,8 проценти од гласачите.
Во овој збир, во кој недостуваат резултатите од уште пет изборни окрузи, привзраниците на напштањето на Унијата се за околу 1,1 милион побројни од оние кои се изјасниле за останување на земјата во Унијата.
Одѕивот на референдумот бил 67,3 проценти.
Последиците веќе се чувстуваат. Освен што ЕУ се буди без Британија, пазарот на пари е во своевиден кошмар. Берзата во Токиo бележи драматичен пад на фунтата.