Зголемениот број на туристи во Битола се должи на големата желба за меѓународна промоција на Битола како на нашата установа така и на општина Битола и градоначалникот Талески кој ги финансираше неколкуте изданија на туристички водичи на повеќе јазици и туристичката веб страна Bitola.info, изјави Ирена Ружин, програмски директор на НУ Завод и музеј Битола.
Во моментот и годините наназад во Битола се случува туристичка и културна преродба како резултат на заложбите на градоначалникот Талески и локалната самоуправа.
Заложбите на Талески овозможија Битола да биде позиционирана на европската туристичка мапа. Со помош на промоцијата финансирана од Општина Битола и неколкуте туристички водичи на повеќе јазици за промоција на Битола и нејзиниот културен и туристички потенцијал како и веб порталот Bitola.info, денес бројот на туристи во Битола е зголемен за 20%.
Талески и локалната самоуправа со посветеност и континуирана работа со НУ Заводот и Музеј Битола постојано вложува во унапредуање на Битола како туристичка дестинација.
Токму една од заложбите на Талески за доближување на Битола до странските туристи е веб порталот Bitola.info која бележи рекордна посетеност со 500-600 посети дневно во зимски период и 3000 посети во летен период.
Битола е град на културата, токму ова градоначалникот Талески и локалната самоуправа го препознаа и промовираа една богата културна понуда во која се опфатени огромен број на културни настани како Битфест, Шекспир фестивалот, Интернационалниот фестивал браќа Манаки, Илинденски денови, Белата ноќ Локум фест и многу други кои што во текот на летата во Битола на една огромна отворена сцена привлекуваат голем број на псоетители.
Битола со заложбите на Талески е првиот град од РМ кој стана членка на мрежата на креативни градови на УНЕСКО. Токму Општина Битола е единствена oпштина од Македонија и Балканот прогласена за најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата. Признанието на општината ѝ е доделено на Интернационалниот саем за туризам и култура во Лугано, Швајцарија во 2012 година.
Наспроти празните зборови и политичката хајка која деновиве се води против Општина Битола и првиот човек Градоначалникот Владимир Талески, ЈП Пазари од Битола сака да потсети на реалните и со око видливи дела и инвестиции кои во никој случај немаше да се реализираат без поддршката на Градоначалникот Владимир Талески.
– 2014 година – изградба на нов современ павиљон за продажба на зеленчук и овошје. Инвестиција вредна дванаесет милиони денари во кои Општина Битола на чело со Градоначалникот Талески учествуваше со 8 милиони денари
– 2015 година – реконструкција на реон 4 со површина од 850 м2. Партерно уредување и промена на дотраени тезги со што се изврши поврзување на делот од дуќаните со новиот павиљон за продажба на зеленчук и овошје
– 2016 година – изградба на шест нови павиљони и партерно уредување на површина од 1000 м2. Проект кој е во тек и се изведува во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, а истиот благодарение на Градоначалникот Талески е доделен токму на ЈП Пазари во конкуренција со останатите општини во Пелагонија
– Во наредната 2017 година повторно со помош од Општина Битола на чело со Градоначалникот Владимир Талески ќе се изврши реконструкција на реон број 2 или попознат како реон за продажба на бижутерија, а се наоѓа пред управната зграда.
Преку овие инвестиции Битола веќе го има добиено приматот на град со најдобар пазар во Република Македонија, а ќе повторам истото тоа не би било без поддршката на Градоначалникот Владимир Талески. Затоа во оваа прилика ние како ЈП Пазари и јас како Директор на оваа институција сакаме јавно да изразиме поддршка за Градоначалникот Талески, како што тој ни ја дава токму нас и на граѓаните на Општина Битола сите овие изминати единаесет години.