Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер соопшти дека Британците кои работат во ЕК, немаат ризик дека ќе ги загубат работните места по гласањето на Велика Британија да ја напупшти ЕУ.
Работните места во ЕУ се заменуваат само од граѓани на Унијата, а Британците ќе го загубат тој статус штом државата заврши со процесот за напуштање. Јункер испратил меил до вработените во кој наведува дека тие нема да бидат избркани од работа.
Високи службеници сепак, најавија дека е можно да ја напуштат работата во ЕУ бидејќи за високи позиции во Брисел се бара политичка поддршка од владите на државите-членки, наведуваат британски медиуми.