Авион на компанијата „Сингапур Ерлајнс“ се запали рано утринава додека беше на лет за Милано. Авионот принудно слетал на аеродромот Чанги во Сигапур од каде и полетал, а во инцидентот нема повредени.
Леталото се вратило на аеродромот по предупредувањето за ниско ниво на моторно масло, а по слетувањето се запалил десниот мотор на авионот од типот „Боинг 777 – 300 ЕР“, пренесува Ројтерс.
Video shows Singapore Airlines plane’s wing on fire after emergency landing; no injuries. https://t.co/5uKZ8Tg30Zhttps://t.co/UM38pqZYcV
— ABC News (@ABC) June 27, 2016
Противпожарните служби брзо го изгаснале огнот, а никој од 222-та патници и 19-те членови на екипажот не е повреден.
Патниците биле пренесени на аеродромот, од каде денеска со друг авион треба да го продолжат патувањето.
Авионот на релацијата Сингапур – Милано полетал утрово во 2.05 часот, но два часа подоцна пилотот објавил дека дошло до дефект на моторот и дека авионот мора да се врати во Сингапур.