Рецепт: Полнети тиквички печени во рерна

Ако незнаете што вкусно да подготвите денес, еве еден рецепт од традиционалната кујна што нема да ви одземе премногу време.

Состојки:

  • 1-2 млади тиквички
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 100 грама кашкавал
  • 1 лажица зачини
  • 1 голема лажица црвен пипер
  • Малку бибер
  • 500 грама мелено месо
  • Ситно сечкан лист од магданос
  • 1 зелена пиперка
  • 2 ситно исечкани компири

Подготовка:

Исчистете ги тиквичките од семки и издлабете ги со лажица како корито. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, па додадете сечкана пиперка и мелено месо.

Потоа додадете ситно исечкан лук, сечкан компир, зачин, црвен пипер и црн бибер. На крајот додадете го магдоносот.

Плехот премачкајте го со масло и наредете ги тиквичките што претходно ги исчистивте. Наполнете ги со подготвениот полнеж. Можете да додадете и неколку цели млади компирчиња да се печат заедно со тиквичките.

Плехот затворете го со фолија и печете околу 35 минути на 200 степени Целзиусови.

Извадете ги и изрендајте кашкавал и вратете ги во рерната уште 10 минути за да се стопи кашкав алот и тиквичките да се запечат и да поруменат. Служете со салата!