Петмина избодени при собир на нео-нацисти во Сакраменто (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се избодени денеска пред Капитолот во Сакраменто, во Калифорнија, при судири кои избиле за време на собир на активисти на ултра десницата и учесници во контрапротест.

Судири избиле меѓу приврзаници на Традиционалната работничка партија, која често се опишува како неонацистичка група, и учесници на контрапротест од антифашистичкото движење Антифа.

Untitled

Медиумите објавија дека пет лица се повредени, а некои од нив се наоѓале во критична состојба.

Полицијата употребила и солзавец за да ги растера демонстрантите.