ВИДЕО: Нашол два метри долга змија во сандачето за чевли

Овој човек признал пред локалните медиуми дека бил преплашен како за сопствениот, така и за животот на неговата четиримесечна ќерка, пренесува британски „Мирор“.

Човекот бил непријатно изненаден кога ја забележал два метри долгата змија во сандачето за чевли додека го метел подот.

Овој 31-годишен човек признава дека бил загрижен за неговата сопруга, но и за 4-месечната ќерка. Веднаш биле повикани експертите за да ја отстраната змијата од неговиот дом во Кон Каен во Тајланд.

Мажот подоцна изјавил дека е збунет како змијата стасала до неговиот дом, кога нивниот град воопшто не е во близина на шумски предели.